Фото: Принтскрин

Српските производители на млеко денеска протестираа пред Министерството за земјоделство во Белград незадоволни од ниските откупни цени на млекото.

Во знак на протест, производителите истурија увозно млеко и фекалии на улицата пред Министерството за земјоделство.

Производителите на млеко поднесоа шест барања до Министерството за земјоделство, вклучително и премија за млеко од 20 српски динари (околу 10 денари) за литар, замрзнување на увозот и дозвола за извоз на млеко. Тие бараат и државна поддршка во износ од 40.000 динари (околу 20.000 денари) по грло.

Демонстрантите бараат и формирање работна група за млечниот сектор, како и загарантирана цена на млекото. Тие истакнаа дека нивна цел е да го спасат селото. Тие се заканија и со поголеми протести доколку не се исполнат нивните барања.