Припадниците на специјалната единица РОСУ, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднале во објектот на големата брана на езерото Газивода, дознава Б92.
Со долги цевки и оклопни возила го нашле чуварот како таму го мери нивото на водата, го избркале од зградата и ги скинале српските знамиња што се таму. Според последните информации тие се уште се на објектот кај големата брана во Газивода, која насилно и незаконски ја запоседнале.
За упадот на РОСУ зборуваше и директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. Тој изјави дека за се го информирал специјалниот пратеник Мирослав Лајчак.