Словенската влада забрани масовни собири на отворено за време на новогодишната ноќ, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на Ковид-статусот.
Од владата на Словенија најавија дека епидемиолошка рамка што ќе биде на сила за време на божиќните и новогодишните празници ќе биде многу поблага од лани кога речиси се беше затворено.
За разлика од минатата година, полноќните богослужби ќе се одржуваат во црквите, но ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица, оние кои преживеале ковид-19 или имаат негативен тест.
– За време на божиќните и новогодишните празници – на 24, 25 и 31 декември, како и на 1 јануари, ќе биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите постари од шест години – соопшти словенечката влада.
Валидноста на брзиот антигенски тест е скратен на 24 часа, а на ПЦР тестот на 48 часа.
Во рестораните дозволена е музика во живо, а гостите ќе можат да се тестираат непосредно пред да влезат во објектите.
– Ситуацијата е подобра и има се помалку хоспитализации, но сепак сè зависи од ширењето на вирусот омикрон, бидејќи се смета дека е поприсутен отколку што покажуваат анализите – вели Татјана Лејко Жупанц, инфектолог и раководител на клиниката за заразни болести во Љубљана.