Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги коментираше последните настани на Косово.
– Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери – рече Захарова одговарајќи на прашањето на медиумите за Косово, пренесува Б92.
Синоќа беше објавено дека се слушнале истрели на северот на Косово, а денеска српската војска стационирала неколку топови и хаубици во близина на границата со Косово.