Според Франц-Лотар Алтман, независен германски академик и професор по меѓународни односи на Универзитетот во Букурешт, „она што исто така ќе биде интересно е како надворешната политика на САД кон Западен Балкан под водство на Ричард Гренел, за кого се вели дека е сивата еминенција зад надворешната политика на потпретседателот Венс, ќе изгледа како ориентација кон надворешната политика“. Академикот вели дека „Гренел е антигермански настроен и може да ја критикува, па дури и да ја загрози надворешната политика на Германија и ЕУ, меѓутоа Германија ќе остане позитивен поддржувач на проширувањето, ама нема да биде упорна“
АНАЛИЗА ВО „ЕУРОПИАНВЕСТЕРНБАЛКАНС“
Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), е подготвен да биде следниот германски канцелар откако неговата партија победи на предвремените избори во Германија. Но во кампањата што ја водеше ниту проширувањето на ЕУ ниту односите со земјите од Западен Балкан не беа споменати како теми.
Германија ќе продолжи да го поддржува
проширувањето на ЕУ, но нема да се обидува да го забрза процесот
Нашите соговорници наведуваат дека контурите на надворешната политика ќе бидат познати откако ќе се формира новата влада. Според нив, Германија ќе продолжи да го поддржува проширувањето на ЕУ, но нема да се обидува да го забрза процесот.
ЦДУ, заедно со својот традиционален партнер Христијанско-социјалната унија, освои 28,6 отсто од гласовите на германските избори на 23 февруари. Во своите забелешки на изборната ноќ, Мерц истакна дека негов „апсолутен приоритет ќе биде да ја зајакне Европа што е можно побрзо“. И покрај фактот што социјалдемократите освоија само 16,4 отсто од гласовите, таа партија се појави како потенцијален помал партнер во новата влада. Мерц беше дециден дека нема да започне никакви разговори со партијата АфД, која беше втора на изборите, добивајќи 20,8 отсто од гласовите.
Зборувајќи за импликациите од исходот на германските избори за проширувањето на ЕУ, Ади Ќеримагиќ, виш аналитичар во Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), вели за „Еуропианвестернбалканс“ дека Фридрих Мерц сега се соочува со новата задача, првенствено за формирање влада. Тоа го планира до крајот на април, односно пред Велигден, и тоа со социјалдемократите како негов примарен и најверојатен партнер. Деталите за ставот на коалицијата за проширувањето ќе се појават најрано за време на преговорите и финализирањето на коалицискиот договор, објаснува Ади Керимагиќ. Што се однесува до темата „проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан“, според Керимагиќ, на краток рок, не се веројатни значителни промени во пристапот на Берлин!
Мерц: Проширувањето на ЕУ ќе потрае доста време!
Ќеримагиќ забележува дека, иако отворени за проширување и забрзување на процесот, особено за Западен Балкан, социјалдемократите на Шолц не успеаја да наметнат конкретна агенда за проширување додека ја водеа федералната влада. Керимагиќ појаснува дека на крајот на минатиот месец, за време на големиот говор на Мерц за Европа и надворешната политика, тој го прашал Фридрих Мерц за неговиот став за проширувањето и дека одговорот бил интересен. Тој изјавил дека „нема убедлив или дефинитивен одговор“, но останал на ставот дека „проширувањето на ЕУ ќе потрае доста време“! Ќеримагиќ издвојува дека во триминутниот одговор на Мерц, тој објаснил дека ова е „донекаде под влијание на структурите на ЕЕА и ЕФТА што ги имавме… и од она што Шојбле и Ламерс еднаш го напишаа за концентричните кругови околу ЕУ“. Тој ја навел Швајцарија како пример, со нејзините договори за шенген и за асоцијација, и предложил тој пристап да се прошири“, споменувајќи ги и земјите од Западен Балкан. Ќеримагиќ додава дека Мерц заклучил со изјавата дека „единствено бара начини за интегрирање на европските и соседните земји, подлабоко да ги втисне европските и соседните земји во структурите на ЕУ и дека мора подлабоко да ги имплементира овие одлуки во структурите на ЕУ за да не се создава впечаток за зачленување нови земји како од втор ред“, а исто така истакна дека детално разговарал за ова прашање со францускиот претседател Емануел Макрон.
– Сепак, освен ако не се случи нешто големо, малку е веројатно дека ЕУ ќе почувствува потреба да разговара за својата стратегиска позиција за проширувањето на ЕУ пред да започнат дискусиите за следната финансиска рамка или некој вид план за раст 2.0. Какви ќе бидат тогаш расположението и позициите во Берлин, Париз и на други места, тешко е да се предвиди – заклучува Ади Керимагиќ.
Франц-Лотар Алтман: Западен Балкан и проширувањето нема да бидат на врвот на приоритетната листа
Слично на тоа, Франц-Лотар Алтман, независен германски академик и професор по меѓународни односи на Универзитетот во Букурешт, за Западен Балкан вели дека надворешната политика и особено проширувањето на ЕУ не биле прашања во изборните кампањи, ниту на ЦДУ/ЦСУ ниту на социјалдемократите. Западен Балкан и проширувањето нема да бидат на врвот на приоритетната листа, но, како и да е, ќе треба време, можеби до Велигден, додека се формира нова влада, а во преговорите кон коалицијата ќе се разговара за сите прашања, меѓу тие најверојатно и политиката на проширување, подвлекува Франц-Лотар Алтман.
– Она што исто така ќе биде интересно е како надворешната политика на САД кон Западен Балкан под водство на Ричард Гренел, за кого се вели дека е сивата еминенција зад надворешната политика на потпретседателот Венс, ќе изгледа како ориентација кон надворешната политика. Имено, Гренел е антигермански настроен и може да ја критикува, па дури и да ја загрози надворешната политика на Германија и ЕУ. Но, да повторам, Германија ќе остане позитивен поддржувач на проширувањето, ама нема да биде упорна – вели Алтман.
Марија Стојановиќ