Шефот на железничката станица во Лариса неколку часа пред неодамнешниот судир на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, наводно го пренасочил и приградскиот воз во Лариса на погрешна патека, според грчката телевизија „Скај“. Машиновозачот на приградскиот воз го сфатил тоа и укажал на грешката, по што го прашал главниот на станицата дали е се во ред, но не добил одговор, се наведува во телевизиското известување.
На местото на судирот на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, пронајдена е црна кутија од еден од двата воза, но засега не е прецизирано на кој воз му припаѓа, објави „Скај“, а пренесе „Катимерини“.
Шефот на станицата се соочува со тешки обвинувања за нарушување во сообраќајот и за тоа дело му се заканува казна од десет години до доживотен затвор. Тој исто така се соочува со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, но и со обвиненија за предизвикување телесни повреди.
Шефот на железничката станица денеска требаше да биде изведен пред истражен судија, но доби уште еден ден за да ја подготви својата одбрана, објави „Катимерини“.