Фото/Илустрација: Пиксабеј

Сериозни инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголеми групи маскирани лица фрлија десетици молотови коктели, мермер, шишиња и други предмети кон зградата на Парламентот.

Инцидентите се проширија и на околните улици, а полицијата одговори со солзавец и шок бомби.

Во инцидентите, според информациите на МИА, има најмалку двајца повредени, а предизвикана а и материјална штета.