Авион МиГ-21 на хрватската армија денеска се урна во близина на Дарувар, јавија хрватските медиуми.
Авионот се урнал за време на тренинг лет при што еден од пилотите се катапултирал, а по другиот се трага.
Според хрватското Министерство за одбрана, авионот се урнал кусо пред 14 часот во област кај Слатина во вировитско-подравинската жупанија.