Хрватска
Повеќе од 100 килограми храна во просек по жител секоја година завршува на ѓубриштата во Хрватска. Токму затоа неделава невладините организации во Хрватска, а во период на светската економска и енергетска криза, најавија дека ќе иницираат формирање на т.н. банка за храна на Хрватска, која ќе започне со работа наредната година.
Според процените публикувани во тамошната јавност, на годишно ниво повеќе од половина од вкупниот отпад во земјата произлегува од домаќинствата, а најголем дел од фрленото е храна што се расипала оти не се употребува во предвидениот рок.
Проектот за формирањето на ваквата банка во Хрватска е осмислен од страна на претставници на Факултетот во Риека, а е поддржан од властите во земјата, но и од 40 граѓански организации, кои донираат помош до бездомниците и до ранливите категории граѓани во Хрватска.
Од Министерството за земјоделство во оваа земја изјавиле дека промените во легислативата, како оние што се однесуваат на донациите и на земјоделството, во Хрватска создале услови наредната година да се формира институцијата банка за храна, која ќе дејствува по моделите за оваа намена, кои сѐ досега видливи во другите земји на ЕУ.