Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Мандатот се презема на барање на актуелното претседавање со ОБСЕ, кое го има Македонија.

Должностите на Комитетот вклучуваат дискусија за невоените и политичките аспекти на безбедноста и помагање во подготовките за организацијата на Годишната конференција за преглед на безбедноста на ОБСЕ.

– Во контекст на извршувањето на овој мандат, Романија ќе го поддржи постигнувањето на целите на организацијата во областа на борбата против трговијата со луѓе, управувањето со границите и борбата против тероризмот. На овој начин, во соработка со актуелното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, Романија ќе посвети зголемено внимание на спроведувањето на обврските преземени од сите земји учеснички и ќе го олесни консолидирањето на меѓународните напори за борба против транснационалните безбедносни закани –  се наведува во соопштението до медиумите.