Фото: Влада

Албанскиот премиер Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин.  Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците.

– За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, јасно и конкретно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во процесот на легализација – објави општина Пустец.

 

Во видео објавата градоначалникот нагласува дека иако се направени позитивни чекори во оваа насока, сè уште постојат пречки и доцнења во обработката на предметите на жителите на Пустец.

-Легализацијата на објектите почна пред многу години, а се уште нерешени се  107 барања на граѓаните. Во тој контекст проблем е и легализацијата на објекти, куќи за домување на сопствен имот, кој се наоѓа на територија прогласена за заштитено подрачје – вели Колефски.

 

Во однос на второто прашање Рама категоричен дека „објектите кои биле изградени пред Преспа да биде прогласена за национален парк остануваат и ќе бидат  легализирани“, но оти „нема да се дозволи нови градби во заштитено подрачје“.