Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска реагираше поради бавната европска интеграција на земјата.

Тој, како што пишуваат регионалните медиуми, кажал дека доколку Бугарија продолжи да става вето за Македонија во следните шест месеци, ќе побара одвојување од оваа земја во смисла на продолжување на патот за отворање преговори за интеграција на земјата во ЕУ.
Рама рекол дека Албанија е во апсурдна ситуација поради блокадата на Македонија од Бугарија.

– Ги прашавме граѓаните за мислење дали ќе поддржат нов пристап кон нашата надворешна политика. Што значи дека ако на крајот на француското владеење, односно првите шест месеци од следната година, Бугарија реши да стави вето, ќе почнеме да бараме одвојување од Северна Македонија. Тоа е тешка одлука од стратешка природа – изјавил Рама.