Фото: МИА

Во ресторан во Цетиње денеска во попладневните часови А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица, пренесува „Побједа“.
Вооружен го напуштил објектот и побегнал.
– Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите – соопшти полициската управа.

– Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.
За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици – соопшти Управата на полицијата.

Беше соопштено дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на Престоница, по што бараниот извадил оружје и пукал.

Радио „Цетиње“ пишува дека неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случил денеска попладне во кафеана во Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет ѝ е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил двајца, а потоа побегнал.

Радио „Цетиње“ пишува дека недолго потоа било објавено дека во друга населба убил две деца и ранил една жена. Полицијата наведува дека се работи за А.М. од Цетиње, по кого трагаат.