Хрватска

Во Хрватска е потврден првиот случај на т.н. флурон-инфекција кога некое лице има и грип и коронавирус одеднаш. Јасмина Вранеш, раководителка на Одделот за клиничка микробиологија на Националниот институт за јавно здравје од Хрватска потврди дека на еден пациент му биле дијагностицирани двата вируса, грип и коронавирус.
– Не е непознато дека е можно да се заразиме со повеќе патогени одеднаш. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика во случаите на т.н. флурон – рече Вранеш.
Епидемиологот Дијана Мајер ги опиша симптомите на грип и коронавирус. Вели дека се совпаѓаат и тешко се разликуваат.
– Грипот има потешки симптоми, се појавуваат побрзо, температурата е 39 степени и има болки во мускулите. Со ковид-19 симптомите се поблаги и болеста постепено напредува. Двете комбинации зависат од поединецот, статусот на вакцинација и коморбидитетите на лицето. Не е исто дали помлад или постар ќе добие. Во секој случај, вакцинацијата и против грип и против ковид-19 се препорачува, а не е задолжителна – истакна Мајер.
Инаку, во Хрватска бројот на новозаразени со коронавирус продолжува да расте на неделно ниво. Повеќе од 55 проценти од позитивните на ковид-19 се во Сплитско-далматинскиот Регион.

Подготви: Дејан Србиновски