Фото: МВР Србија

Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Се пребарува Лазаревата пештера, која се наоѓа кај селото Злот, потоа кањонот, како и целиот простор покрај реката Злот.

На двајца осомничени за убиство на двегодишно дете им е одредена мерка притвор до 30 дена. Братот и таткото на еден од осомничените се уапсени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на девојчето.

– Припадниците на МВР интензивно вршат детален претрес на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ за чие тешко убиство се сомничи С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, кои се уапсени на 4 април годинава – информираат од српското МВР.

Повеќе од десетина припадници на полицијата при МВР со најсовремена опрема ја пребаруваат Лазаревата пештера, која се наоѓа на околу три километри од селото Злот, каде што живее осомничениот Д.Д., Лазаревиот кањон како и целиот простор покрај Злотска река, за каде што постои сомневање дека е префрлено телото на девојчето од депонијата кај Бањско поле, вториот ден по извршеното кривично дело, стои во соопштението.

– Припадниците на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор со цел да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала – соопштија од МВР.

Детално се прегледани дворовите на соседите и околните бунари.

По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапси двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои се спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар. Ним им е одредена мерка притвор до 30 дена. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.

Обвинителството соопшти дека Д.Д. го признал делото, додека Ј. С. се бранел со молчење. Таткото и братот на еден од осомничените се уапсени под сомнение дека помогнале да се пренесе телото на засега непозната локација.

Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе и предложи на Владата повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела.

Граѓаните на Бор и Бањско поле носат цвеќе и свеќи и упатуваат сочувство до семејството Илиќ.