Фото: ЕПА

Белград деновиве демонстрираше ефикасна правна држава, владеење на правото и ефикасни институции, кога се во прашање заштитата на Уставот, уставниот поредок и државата со инстантната законски предвидена репресивна реакција кон странски државјани што на територијата на Србија извршиле дело спротивно на позитивното право на државата, истакнувајќи белези и симболи на шовинизам и сепаратизам

Србија

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на двајца швајцарски државјани, кои се обвинети за поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост. Обвинетите претходно биле на распит во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) поради сомнение дека споменатото кривично дело го сториле на 2 ноември пред Собранието на Србија.
Според кривичната пријава, Бернард Ц. со мобилен телефон го фотографирал Џанфранко В. додека тој со тупаници покажувал двоглав орел, „алудирајќи на симболот на голема Албанија“.
Осомничениот Бернард Ц., кој има државјанство на Швајцарија и на Хрватска, за време на сослушувањето делумно ги признал наводите од кривичната пријава, соопшти српското обвинителство. Се додава дека швајцарскиот државјанин Џанфранко В. се бранел со молчење, односно го искористил законското право да не изнесе одбрана. Р.С.