Фото: Маја Јаневска-Илиева

Србија

Одличен, срдечен и содржаен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм. Тој наведе дека во телефонскиот разговор изразил надеж оти Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија била земја во која поддршката за неговиот избор била најголема во цела Европа.
– Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп – соопшти Вучиќ.
Тој верува дека во наредниот период со Трамп ќе може да разговара за натамошно унапредување на меѓусебните односи на Србија и САД на сите полиња.
– Сигурен сум дека, со поддршка на нашите пријатели, а под пријатели мислам на целото опкружување на претседателот Трамп, кои беа со него вечерва за време на разговорот, ќе можеме да ја направиме, тој – Америка голема, а ние да ја направиме Србија пристојна земја и земја што ќе може добро, многу добро да соработува со САД – порача Вучиќ. Р.С.