Фото: Влада / Архива

Доколку некого сум навредил, сакам да им се извинам на целата јавност и на народот на Словенија, но во исто време велам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари бидејќи водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ, рече Вучиќ

Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се извини на словенечката јавност откако во Њујорк ги нарече Словенците – одвратни. Тврди дека не мислел на граѓаните, туку на политиката. Тој истакна дека нема да им се извинува на словенечките политичари.
Сепак, тој ги покани премиерот Роберт Голоб и претседателката Наташа Пирц Мусар во Белград. Тој нагласи дека Словенија поради неговата изјава не упатила протестна нота до Србија и дека во тој поглед биле коректни, пренесуваат српските медиуми.
– Реков дека Словенците беа одвратни кога размислуваа за седницата на Советот за безбедност, а тоа се однесува на поединецот што зборуваш за тоа и нивната политика. Тоа секако не е речник што треба да го користиме, но човечки кажав што мислам за нивната политика – рече Вучиќ.
Тој најави дека ќе ги намали посетите на пријателите и семејството во Словенија. Потоа ѝ се извини на словенечката јавност, но повторно ја нарече одвратна политиката на Љубљана кон Србија.
– Доколку некого сум навредил, сакам да им се извинам на целата јавност и на народот на Словенија, но во исто време велам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари бидејќи водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ – рече тој. Х.И.