Од безбедносни причини, поради густиот чад од пожарот што избувна кај солунското предградие Халастра, во западниот дел на градот, во близина на патарините Малгара, автопатот Солун – Атина вечерва е затворен за сообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката противпожарна служба информираат дека гори сува трева, а на терен интервенираат околу 30 пожарникари, две пешадиски екипи и десет противпожарни возила.
Локалните медиуми јавуваат дека во непосредна близина на пожарот нема населени места, но густиот чад претставува ризик за сообраќајот, поради што е донесена одлука за привремено затворање на автопатот.


































