Фото: Архива „Нова Македонија“

Концептот на колективна организација како отскочна штица за земјоделството

Во Србија има пет илјади активни задруги, од кои три илјади се земјоделски, изјави претседателот на Кооперативниот сојуз на Србија, Никола Михаиловиќ, додавајќи дека половина од вкупниот број земјоделски задруги се наоѓа во Централна Србија, а другата половина во Војводина.
– Традицијата од 130 години Кооперативен сојуз на Србија, повеќе од 130 години на подрачјето на Војводина и 170 години организирање во задруги е порака дека имаме традиција, сегашност и иднина – изјави Михаиловиќ на церемонијата по повод 130-годишнината од Кооперативниот сојуз на Србија
Михаиловиќ додаде дека задругите имаат потреба од пристап до пазарот на капитал, бидејќи поради сè што се случи во претходниот период, задругите ги исцрпија своите акумулации.
Тој нагласи дека предлог на Кооперативниот сојуз на Србија е да се отвори фонд за финансирање задруги и дека не е важно како ќе биде неговото формално име, туку дека е важно задругите да се финансираат.
– Нашиот предлог е фондот што би ги финансирал задругите да биде на републичко ниво, да биде бескаматен и да го следи производствениот циклус, што значи дека ако овошното дрво дава плодови во третата година, треба да следува и грејс период, односно да важи до пристигнувањето на првата заработка – рече Михаиловиќ.
Тој додаде дека градењето капацитети за складирање и преработка во задруга сопственост е многу поисплатливо од регистрирањето некого поединечно како сопственик.
– Што се однесува до задругите, финализирањето на производот е многу клучно за нас, па можеме да кажеме со една реченица дека задругата е континуиран, финален задругарски производ, кој е сертифициран, пласиран на пазарот, убаво спакуван и ако најде начин за извоз, тоа е клучот за нашиот успех – посочи Михаиловиќ.
Тој исто така изјави дека е многу важно да се работи што е можно повеќе на промоција на задругите и да се вработува стручен кадар во нив, бидејќи, како што нагласи, тоа е клучот за успех и зачувување на задругите. Р.С.