Полицијата во Солун трага по 47-годишна жена која лажно се претставила како докторка пред брачна двојка наплаќајќи им 3.000 евра за „терапија“ против коронавирусот на нивните родители.
Врз основа на истрагата на полицијата, „Катимерини“ објавува дека жената ја повикала брачната двојка чии родители биле во болница поради коронавирусот, претставувајќи се како анестезиолог. Таа им понудила посебен третман за кој тврдела дека целосно ќе ги излечи нивните родители од коронавирусот.
Осомничената за нејзините наводни услуги побарала 3.000 евра, а брачната двојка и платила толку. Грчките власти ја идентификувале жената и се обидуваат да ја лоцираат, објави „Катимерини“.