Речиси цела Црна Гора извесен период остана без електрична енергија, по што почна нејзино постепено вклучување, пишува црногорскиот весник „Побједа“.
Во краткото соопштение за медиумите на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) се наведува дека проблемот бил испад на црногорската електродистрибутивна мрежа.
Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, агенцијата „Хина“ јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.
Напојувањето со електрична енергија и во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина попладнево постепено почна да функционира.