Фото: Принтскрин

Припадници на српската полиција доцна попладнево влегоа во зградата на Медицинскиот факултет во Ниш, по претходна наредба од ОЈО, јави дописникот на МИА.
Според студентите кои биле во објектот, 15-на инспектори влегле во зградата, како што велат – по претходна пријава за нарушување на јавен ред и мир за настан што се случил утрото.  Стотина студенти добиле покани да дадат изјави во полициска станица во Ниш, јавија локалните медиуми.
Полицијата потоа го напуштила факултетот.
Во моментот пред тој факултет се собораат голем број студенти на протест поради акцијата на полицијата.
Според локалните медиуми, полицијата интервенирала откако деканот на тој факултет побарал таков потег.
Утрово дел од вработените се обидоа да влезат на факултетот, но студентите ги блокираа вратите.