Бугарската влада завчера одобри изградба на два нуклеарни реактора со американска технологија, потпишувајќи го првиот голем договор вреден приближно 350 милиони американски долари
Бугарија
Во Бугарија е започнат проект од областа на енергетиката со колосално повеќеслојно значење. Имено, договорот е потпишан меѓу бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ од една страна и конзорциумот на американската компанија „Вестингхаус“ и јужнокорејскиот „Хјундаи“ од друга страна.
Бугарскиот парламент избра новите нуклеарни реактори да се градат со помош на технологијата АР-1000 на американската „Вестингхаус“, а изградбата ќе ја изврши корејската компанија „Хјундаи“.
Софија сѐ уште не ја знае конечната цена на проектот за нуклеарниот проект
– Новиот договор го прави нуклеарниот проект неповратен – рече министерот за енергетика Владимир Малинов, додавајќи дека до крајот на следната година владата ќе ги знае конечната цена на проектот и неговата економска изводливост.
Потоа ќе биде потпишан договор за изградба на нуклеарните реактори и нивна инсталација на местото на нуклеарната централа „Козлодуј“ (изградена на брегот на Дунав, на само неколку километри од Романија).
Се очекува во 2034 година да биде произведена електричната енергија од првиот од двата нови нуклеарни реактора. Се проценува дека реакторите ќе чинат повеќе од 14 милијарди долари, а државата инвестираше речиси една милијарда долари во проектната компанија „Козлодуј-Нови капацитети“.
Вашингтон истурка за Бугарија поволни финансиски аранжмани за нуклеарките
Бугарската влада може да добие финансирање од осум милијарди долари од американската Ексим банка и сличен заем од јужнокорејските институции, кои финансираат слични експертски проекти.
Бугарскиот министер за енергетика рече дека американската Ексим банка ќе ги финансира активностите на „Вестингхаус“ и бугарските подизведувачи, додека Јужна Кореја ќе ги поддржи „Хјундаи“ и корејските компании вклучени во проектот.
Бугарија очекува најмалку 700 милиони долари од продажбата на два руски нуклеарни реактора на Украина за поддршка на нејзиниот нов нуклеарен проект. На властите во Киев им требаат двата руски реактора, кои Бугарија ги поседува, но не ги користела, за да ја довршат нуклеарната централа „Хмелницки“.
Меѓутоа, за бугарскиот нуклеарен проект мора да биде известена Европската комисија, која мора да ја одобри изградбата на двата нови американски реактора.
Елиjас Гедион од компанијата „Вестингхаус електрик“ рече дека американската компанија работи со нуклеарната централа „Козлодуј“ веќе 25 години на модернизирање на единиците пет и шест и за замена на свежо нуклеарно гориво.
Јун Јанг-Џун од „Хјундаи“ рече дека нуклеарната централа „Козлодуј“ ќе ги зајакне нуклеарната безбедност на Бугарија и декарбонизацијата. Р.С.