Започна отстранувањето на вагоните-цистерни со амонијак на пругата кај Пирот.
Автопатот кон Ниш нема да биде затворен и сообраќајот ќе се одвива нормално, пренесе „Б92“.
Амонијакот ќе се префрли во авто-цистерни, а потоа ќе се отстранат цистерните.
Во наредните денови последователно, еден по еден ќе се отстрануваат цистерните, соопштија од Штабот за вонредни ситуации на Пирот.
На граѓаните им беше препорачано да не се приближуваат на местото доколку не е апсолутно неопходно, како заради сопствената безбедност, така и заради непречената работа на стручните служби на терен, пренесе РТС.