Уште едно лице почина како резултат на пожарот што избувна синоќа, во Домот за пензионери во Тузла, со што бројот на жртви достигна 12, објавија медиумите во Бoсна и Херцеговина.
Лицето починало во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Инаку, тројца полицајци и пет пожарникари се меѓу десетиците хоспитализирани, од кои четворица се на респиратори.
Пожарот избувна синоќа на седмиот кат каде што имало неподвижни луѓе, објави Аваз.





































