Фото: Принт-скрин

Српскиот актер Бранко Цвејиќ почина на 75-годишна возраст во Белград, откако му се слошило на театарска проба по што бил итно хоспитализиран, како што пренесуваат српските медиуми.

Роден е во Белград на 25 август 1946 година. Во 1965 година се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград, додека во мај 1967 година станува член на Југословенскиот драмски театар, каде што одиграл преку педесет улоги. Како гостин настапувал и на други театарски сцени, меѓу другите и во театарот Звездара, во чие  основање учествувал.

Играл во повеќе од 40 долгометражни играни филмови и остварил голем број важни улоги во телевизиски серии, филмови и драми. Ќе остане запаметен по улогата на Бане Бумбар во популарната серија „Со грло во јагоди“.