Илустрација/Фото: Пиксабеј

Се работи на развој на револуционерно медицинско откритие

Развојот на персонализирана мРНА-вакцина против рак би можел да претставува револуционерно откритие во медицината, при што Србија е меѓу земјите што би можеле први да имаат корист од овој третман, пренесуваат тамошните медиуми. Се предвидува дека оваа вакцина ќе го активира имунолошкиот систем на заболениот да се бори со ракот, наместо да ја спречува појавата на болеста. Клучно е што вакцината е персонализирана за секој пациент, благодарение на вештачката интелигенција, која за два часа обработува милијарди комбинации и ги открива мутациите.

Д-р Сергеј Бољевиќ од Универзитетот „Сеченовск“ во Москва објаснува дека туморот се крие од организмот „како под чадор“, а вакцината ја „симнува таа заштита“ и му овозможува на имунолошкиот систем да ги уништи клетките на ракот.

Вакцината првично ќе се користи за лекување меланом и рак на кожа, а потоа и за рак на белите дробови, дојката, бубрезите и панкреасот. Постои можност Србија, Црна Гора и Република Српска да учествуваат во процесот на развој на вакцината, односно во тестирањето, како и во идното производство, според д-р Бољевиќ. Првите клинички испитувања кај луѓе се планирани за септември в година, а вакцината ќе биде достапна бесплатно во Русија преку здравствениот систем, откако ќе биде одобрена. Р.С.