Фото: Влада

Задкулисните игри ги покажаа сите нијанси и нивната застапеност во Народното собрание. За жал, немаше ниту еден човек кој гласаше против нас, а кој можеше сам да одлучи врз основа на сопственото верување во она што е правилно, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската ТВ Нова, откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

Тој зборуваше за лидерите на партиите кои гласаа против неговата влада.

– За Трифонов би кажал дека е историја, никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект и да лаже толку луѓе. Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување – порача Петков.

За Борисов рече дека гревовите што ги имал, кражбите што ги направил, ќе го стигнеле.

– Не можете да продолжите да ја играте оваа игра долго време. Ако денес се чувствувате поудобно, тоа е привремено. За Доган и Пеевски таму сте 30 години. Овој пат има огромна сила – ПП, ДБ – не се подготвени да се договорат со вас. Ако нашите три партии имаат 121 пратеник вие нема да сте фактор – рече тој.

Според него, власта паднала од повеќе причини.

– Се плашеа дека ако ние продолжиме да бидеме на власт порано или подоцна, правдата ќе ги стигне. Победата е привремена, тоа не го разбираат. Оваа промена ќе се случи. Ние сме само претставници на бугарскиот народ и неговата волја. Денес сите маски паднаа – порача Петков.