Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на македонско-косовската граница, од утре до 22 февруари ќе биде затворан за сообраќај во периодот од 8 до 11 и од 13 до 15.30 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерството за инфраструктура на Косово информира дека оваа мерка е донесена поради извршување на градежни работи на мост на автопатот „Арбен Џафери“, што ги поврзува Приштина и Скопје.