Албанија

Официјално беше пуштен за сообраќај големиот мост „Кукс“ (во близината на истоимениот град), на реката Црни Дрим на северот на Албанија, што ќе ја поврзува таа земја со Косово.
Албанскиот премиер Еди Рама дојде на мостот со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балука и со други официјални лица.
По тој повод премиерот на Албанија рече дека мостот претставува импресивно дело, кое конечно ќе го растовари сообраќајот што со години беше отежнат на стариот мост со две ленти.
Балуку истакна дека мостот е вистинско уметничко дело. Таа додаде дека неговата изградба започнала во 2020 година и чинела околу 40 милиони евра.
Мостот има четири ленти и е изграден како дел од автопатот што ги поврзува Албанија и Косово. Се состои од широка заоблена метална конструкција со должина од 310 метри и висина од 56 метри. Р.С.