Фото: „Нова Македонија“

Албанија

Албанија го отвора последното поглавје од преговорите за членство во Европската Унија, соопшти премиерот Еди Рама по одлуката на амбасадорите на 27-те земји од европскиот блок, пренесуваат албанските медиуми. Последното поглавје се однесува на земјоделството и кохезијата. Албанскиот премиер потврди дека данското претседателство со ЕУ добило овластување да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција во врска со последните поглавја.
Се очекува шестата меѓувладина конференција да се одржи на почетокот на септември за да се означи последниот официјален чекор за отворање на сите поглавја за полноправно членство на Албанија во ЕУ во 2030 година, што Рама во повеќе наврати го посочи како цел на државата.
Напредокот на Албанија, која во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ, претходно беше поврзан со Македонија, но се одвои на патот кон Унијата во септември 2024, по одлуката да почне преговори за членство по кластери. Р.С.