Фото: „Нова Македонија“

Грција

Грција планира да ја забрза отплатата на својот јавен долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра долг настанат за време на должничката криза, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
На состанокот организиран од „Блумберг“ тој посочи дека тоа треба да биде последниот знак за економскиот пресврт на земјата.
– Неуморно сме фокусирани на фискалната дисциплина, што е знак на довербата што ја имаме во јавната потрошувачка. Новата предвремена отплата, по предвремената отплата на осум милијарди евра кредити од првиот меморандум, се очекува да биде договорена во декември, со што ќе се испрати јасна порака до пазарите за посветеноста на Грција за фискална стабилност и намалување на јавниот долг – рече Мицотакис. Р.С.