Во 2022 година 50.000 Романци ја напуштиле својата татковина, објави весникот „Адеверул“, додавајќи дека рекордната бројка е еднаква на населението на средно голем град, пренесе МИА.
Според експертите демографската криза во Романија продолжува, а причините за тоа се економски и социјални.
На масовната миграција се додава и негативниот природен прираст на населението.
Според податоците на Националниот статистички институт, во април 2023 година имало за 2.853 новородени деца помалку во споредба со истиот месец од 2022 година. Природниот прираст бил негативен во април 2023 година (минус 8.902 лица), како и во април 2022 година (минус 8.859 лица).
Во 2011 година, бројот на Романци кои живеат во земји-членки на ЕУ изнесуваше 1,67 милиони луѓе и оттогаш продолжува да расте, достигнувајќи 2,5 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт Евростат.