Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Косово

На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражителката Гетоарба Мулиќи, изјави дека нападите врз новинарите во Косово се огромен предизвик, а особено сексуалното вознемирување е уште еден уште потежок предизвик за новинарите во Косово. Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници – вкупно 74.
Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите што известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивниот живот, вербални и физички напади, како и оштетување на личната и професионалната сопственост.
Натаму, како огромен проблем се наведува и назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, кое се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење самоопределување на премиерот Албин Курти.
– Згора на сѐ, и именувањето на директорот на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија – рече Муриќи.
Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратегиските тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци во која се евидентирани над 35 случаи. Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати. Р.С.