Нов земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција, објави веб-страницата на Европскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случи во близина на Крит, на длабочина од 10 километри и на 28 километри јужно од најголемиот град на островот, Ираклион.
Грција во неделата беше погодена од три силни земјотреси, а освен во близина на Крит, еден земјотрес се случи на планините западно од Атина.