Претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарскиот претседател, по нивната вчерашна средба. Радев му наложи на Главчев да предложи „внимателно разгледани промени во составот на Владата“.
– Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето на гласови… Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат – категоричен е бугарскиот претседател, кој на Главчев му даде рок до понеделник да го претстави составот на новата привремена влада.
Доколку Владата биде составена, изборите во Бугарија ќе се одржат на 27 октомври.
Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат најголемиот дел од партиите, откако завчера разреши петмина заменик-министри од актуелната влада. Р.С.