Српската полиција интензивно трага по 27 годишниот Матеј Периш од Сплит кој мистериозно исчезнал во Белград за новогодишната ноќ.
Матеј со неговите другари бил во Белград на дочек на Новата година. Славеле во ноќниот клуб Готик. Кога во еден момент друштвото приметило дека Матеј веќе некое време го нема, почнале да го бараат низ објектот, но ја нашле само неговата јакна во гардероберот.
Не успеале да го добијат ниту на мобилен, а паниката кај другарите кулмирала утрото кога не дошол ниту во заедничкиот апартман кој го изнајмиле.
Веднаш го известиле неговото семејство и пријавиле во полиција.
-Секоја информација злато вреди. Ако нешто знаете ве молиме да ни помогнете-гласи пораката од семејството Периш до јавноста.