Анализа на „Политико“ за состојбите во бугарската држава во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори
Во својата анализа во реномираниот портал „Политико“, новинарката Антоанета Руси извлекува заклучок дека „изборите во Бугарија следниот месец се сведуваат на клучната улога на еден санкциониран магнат и неговиот капацитет да ја поткопа кревката демократија на нацијата“. На кои и какви аргументи и факти се потпираат заклучоците на новинарката Руси, во продолжение ги издвојуваме клучните тези објавени во „Политико“
Медиумскиот магнат и пратеник Делјан Пеевски стапи на сцена да ја олицетвори заробената бугарска држава, во која, како што пишува Антоанета Руси, „олигарсите од сенка, шпионите и криминалните банди ги обвиткаа своите пипала околу клучните основни институции во земјата на ЕУ и НАТО“…
Имено, Николај Денков, премиер до минатиот месец, го опишува (медиумскиот магнат и пратеник) Пеевски – (што патем споменато е санкциониран од САД и Обединетото Кралство) – како „најголемото зло“ што ѝ се случило на балканската нација од 6,5 милиони луѓе! Затоа што, според констатацијата во текстот во „Политико“, „не е ни чудо што една од главните политички битки на изборите на 9 јуни ќе зависи од влијанието на Пеевски врз судовите и врз службата за безбедност“.
Христо Иванов, шеф на партијата Да, Бугарија, тврди дека изборите мора да го скршат стисокот на Пеевски и предупредува дека „функционирањето на Републиката“ е загрозено!
Сепак, новинарката Руси констатира дека „да му се парира на Пеевски не е лесна работа“.
Кирил Петков за „свињата и тиквата“
Поранешниот премиер Кирил Петков, од антикорупциската партија Продолжуваме со промените, зборуваше за „Политико“ на денот на започнувањето на неговата кампања во Софија и беше јасно дека штотуку налета на силна пречка во облик на Пеевски.
„Политико“ опишува дека Петков „гестикулирајќи покрај прозорецот на неговата изборна канцеларија, тој разговараше по телефон со претставник на компанија за билборди, која одби да ја закачи серијата постери што тој штотуку ги нарачал“.
– Како мислиш дека не можеш? Ви плативме за 500 постери! (билборди н.з.) – рече Петков.
Проблемот беше она што беше прикажано на постерот на кампањата: на него беше прикажана карикатура на фудбалер во облик на свиња со ставена копачка на тиква. (И свињата и тиквата се метафори за политичари. Имено, свињата за Пеевски, а тиквата за Бојко Борисов н.з.)
„Политико“ објаснува дека „токму постерот беше микрокосмос на политиката на нацијата“. „Тиква“ е прекарот на поранешниот премиер Бојко Борисов, чија централно-десничарска партија ГЕРБ има удобна предност во пресрет на изборите. (Тиква е бугарски сленг за голема, но шуплива глава.) Со предупредувањето „ова е кој победува ако не гласаш“ пораката беше јасна: Пеевски го има Борисов под чизмата!
Проблемот на Петков е што никој не сака да вознемири моќен посредник чие влијание е сеприсутно низ медиумите, вклучувајќи и во рекламниот сектор.
Чувствителноста околу билбордите повторно се зголеми кога ГЕРБ успешно лобираше до изборната комисија да принуди да се симнат постерите на Продолжуваме со промените со слики од Борисов и Пеевски, прикажувајќи ги како ефективно едните исти – како избор за премиер.
Бојко Борисов се враќа
ГЕРБ на Борисов моментално води во анкетите и има околу 27 отсто од гласовите. Пеевски – иако не е муслиман – сега ја предводи бугарската партија на етничките Турци, ДПС, која е позиционирана на околу 15 проценти. Двајцата мажи нашироко се сметаат за политички поврзани во предизборната кампања, но големото прашање е кој од нив навистина е главен и кој ќе го води шоуто ако успеат да состават коалиција по изборите. Далеку од невозможно е враќањето на премиерската функција на поранешниот пожарникар и телохранител Борисов.
– Постои договор меѓу Борисов и Пеевски, а тоа е дека г. Пеевски има значителна контрола врз судството и безбедносните служби, а господинот Борисов има стари гревови од кои се плаши (дека ќе биде казнет) ако има вистински ангажман од страна на судовите и обвинителите – рече Петков. Значи, Борисов ги носи гласовите, а Пеевски гарантира дека сегашните институции не претставуваат ризик.
Јавната фрустрација од корупцијата е длабока, а гневот за Борисов и Пеевски помогна да поттикне масовни протести против мафијата во 2020 година. Предизвикот за реформаторите, сепак, е што и ГЕРБ и ДПС можат да се потпрат на стабилни гласачки блокови благодарение на покровителските мрежи и регионалните феуди, каде што луѓето чувствуваат дека нивните работни места зависат од градоначалниците и другите функционери од партиите.
И Борисов и Пеевски се претпазливи во врска со јавното прогласување коалиција, но контурите на договорот за соработка веќе се исцртуваат. Одделот за комуникации со јавноста во ДПС објави „весело“ соопштение – насловено како „Ветено и испорачано!“ – за тоа како двајцата успешно соработуваа за да гарантираат работни места за енергетските работници и рударите. Борисов силно го бранеше Пеевски од Денков.
Дополнително, Борисов е искрен за политичката аритметика на земјата, истакнувајќи дека нумерички доверлива група турски и други муслимански гласачи е токму причината зошто има смисла да се стапи во сојуз со Пеевски. – Ние секогаш работевме со ДПС во текот на годините бидејќи тие се дел од системот – рече тој, според Бугарската телеграфска агенција (БТА).
Меѓутоа, во класичната игра на политички комбинаторики, Пеевски тврди дека не е автоматски поддржувач на враќањето на Борисов на власт.
– Кој рече дека Борисов мора нужно да владее? – се пошегува Пеевски, повторно обидувајќи се да ја проектира идејата дека тој е одговорниот за дуото – со чизмата на тиквата, како што би го прикажал постерот на Петков.
ГЕРБ не одговори на барањето на „Политико“ за коментар
Санкциите на САД и Обединетото Кралство против Пеевски и другите корупциски мрежи се извонредни, според „Политико“. ЕУ во голема мера зазеде цврст став, бидејќи голем дел од поведенијата на Пеевски вклучуваше основи на сомневање за кражба и злоупотреба на фондовите на ЕУ. Од друга страна, Пеевски се обиде да ја исфрли стигмата од санкциите, објавени и опишани во бугарската јавност и медиуми.
За разлика од бриселските детски ракавици, Вашингтон директно го обвинува Пеевски според Законот Магнитски дека води шеми за поткуп и врши „контрола врз клучните институции и сектори во бугарското општество“. Образложението на Британија за нејзините санкции е слично. Пеевски се жалеше на санкциите „Магнитски“, велејќи дека тие се изречени – без докази.
Влечење конци во судството и разузнавачко-безбедносните служби во Бугарија
Борбата за тоа кој ги контролира судството и разузнавачко-безбедносните служби во Бугарија е централна во борбата за иднината на бугарската демократија. Долготрајната поплака меѓу борците за борба против корупцијата е дека безбедносните служби и судовите се користат за изнудувања и дека ниту еден од водечките кумови на толпата никогаш не бил осуден. Денков вели дека земјата сега се соочува со шести општи избори во последните три години, бидејќи Пеевски ги поткопа обидите на реформистите да ја искоренат корупцијата во неговата влада – коалиција меѓу ГЕРБ и реформистите.
– Многу од проблемите што ги гледаме се токму поради тоа што тој почна да командува со процесите. Тој почна да командува со ГЕРБ, всушност сакаше избори и поради него одиме на избори – се пожали Денков минатиот месец, во забелешките што ги цитираше и БТА.
Како што изборната трка се движи во својот последен дел, има и знаци дека Бојко Борисов се обидува да ги подели двете главни реформистички партии една од друга.
Превртувајќи го тој наратив на глава, Пеевски се претставува себеси како човекот што ќе ги спаси бугарските институции од мешаните реформисти.
– Сигурно нема да дозволам да ги уништат бугарските (тајни) служби, да го уништат бугарскиот правосуден систем. Еве, го објавувам затоа што секогаш велите дека има нешто зад сцената. Не! Нема да дозволам да ја уништат државата. Не јас, Делјан Пеевски! – истакна тој.
Според „Политико“, тој е „лукав политички оператор што сака да маневрира кон мејнстримот“. „Политико“ тврди дека Пеевски исто така тесно координира со Борисов за да претстави про-ЕУ и про-НАТО фронт против бугарскиот претседател Румен Радев, кој се приклонува кон Кремљ.
– Нашата невидена поддршка за Украина е резултат на нашето цврсто убедување како евроатлантисти – рече тој неодамна, критикувајќи ја „нечовечката агресија“ на Москва.
Раздели, па владеј
Како што изборната трка се движи во својот последен дел, има и знаци дека Борисов се обидува да ги подели двете главни реформистички партии една од друга, сугерирајќи дека ќе работи со Да, Бугарија на Иванов наместо со Продолжуваме со промените на Петков. Фрлајќи колку што може повеќе политичка кал, Борисов се обидува да ја обвини партијата на Петков дека е блиска до про-Кремљ екстремно десничарската партија Преродба – што е неосновано обвинување бидејќи владата на Петков одигра водечка улога во – вооружувањето на Украина.
Продолжуваме со промената не е ништо прогресивно, ништо ново, туку борба за моќ – се жалеше Борисов на настанот на кампањата во јужниот град Хасково.
Сепак, самиот Иванов изрази приговори за соработка со вмешаноста на Пеевски каде било во државата, велејќи дека тој мора да биде отстранет.
– Ова е фундаментално прашање за функционирање на Републиката. Ова е враќање на империјата на стравот – изјави поранешниот министер за правда за Бугарското национално радио.
Борисов се наежува на тој предлог дека едноставно ќе ја прифати мафијашката култура.
– Јас сум европски политичар, не сакам да се вратам на мафијашките години – рече тој – според коментарите на „Медиапул“.
На митингот на ГЕРБ во Хасково, Албен Манџуков (64), поранешен директор на енергетска фирма, рече дека верува оти има надеж за иднината на Бугарија, дури и ако луѓето се огорчени и поделени повеќе од кога било.
– Оваа преполна просторија покажува дека работите навистина ќе почнат да одат во вистинска насока – изјави Манџуков за „Политико“. „Пред три години работите се променија… Каде е доказот дека ГЕРБ е заглавена во корупција? Ако никој не е обвинет, зошто да верувам во тоа?“
Противниците на ГЕРБ истакнуваат дека има добри причини зошто се чини дека никој никогаш не е обвинет. Р.Б.