Претставникот на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека разговарал со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Тие разговарале за Западен Балкан и се согласиле дека од клучно значење е регионот да остане високо на европската агенда.
– Ја започнав неделата со средба со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, пред денешниот Совет за надворешни работи. Взаемно се информиравме за нашите неодамнешни патувања на Западен Балкан и се согласивме дека е клучно регионот да остане на високо на нашата европска агенда – посочи Лајчак.