Српскиот претседател Александар Вучиќ им порача на Србите во Косово дека „нема да има предавање“. Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, рече Вучиќ.
Тој на Инстаграм им порача на Србите дека нема предавање.
– Нема да има предавање, тоа е одлука на Србија и моја порака до нашиот народ на Косово и Метохија, кој уште еднаш е принуден да ги брани своите огништа на барикадите – се наведува на Инстаграм.
Тој посочува дека пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи, како што вели, само така може да се започне нормализирање на односите и животите на сите.
– Ја продолжуваме борбата со сите легални средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца. Србија ќе победи – рече Вучиќ.