Фото: ЕПА

Српската жандармерија вечерва употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград.

Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржуваат на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов Белград и од центарот на српскиот главен град да се групираат во центарот на градот.
Низ местата каде се протестира во Белград се распоредени и оклопни возила на полицијата.
На улици во делови од центарот на градот запалени се контејнери.

Во Нов Белград вои моменто е нешто помирно иако и таму се распоредени големи полициски сили кои ги раздвојуваат демонстрантите и симпатизери на владејачката СНС.
Во 20-на градови во државата вечерва има антивладини протести.