Писмо испратено по електронска пошта до Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП) од страна на Марија Каристијану, претставничка на родителите на жртвите од железничката несреќа во Темпи (со најмногу жртви од таков вид во Европа), има потенцијал на направи домино-ефект, повикувајќи ги на одговорност сите инволвирани носители на високи јавни функции во тоа време во Грција, кои сега очекуваат да бидат назначени за високи европски функционери
Отворено писмо од Грција до Фон дер Лајен што може да придонесе за повлекување на грчкиот предлог за еврокомесар за транспорт
Според реномираниот медиум „Еурактив“, едно јавно писмо упатено од страна на Марија Каристијану, педијатарка и претставничка на родителите на жртвите од железничката несреќа во Темпи (со најмногу жртви од таков вид во Европа), се очекува да предизвика силна реакција непосредно пред конечниот избор на еврокомесарите во Европската комисија (Владата на ЕУ). Отвореното писмо е испратено до шефовите на Европската комисија и Европскиот парламент и, според „Еурактив“, „се очекува да ги разбранува водите пред претстојното сослушување на грчкиот кандидат за комесар за транспорт Апостолос Цицикостас“. Писмото веќе го примиле Урсула фон дер Лајен, претседателката на парламентот на ЕУ, Роберта Мецола, и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.
Како е можно ЕУ да им доверува задачи на луѓе што целосно потфрлиле во ист таков сектор во својата земја?
Марија Каристијану, педијатарка и претставничка на родителите на жртвите од железничката несреќа во Темпи, ги повика лидерите на ЕУ двапати да размислат за кандидатот предложен од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
– Како е можно ЕУ да додели такви одговорни и критични места што треба да имаат највисока одговорност и за целата европска безбедност и развој на транспортот на политичари што целосно потфрлиле во овој сектор во својата земја – јавно праша Каристијану, констатирајќи дека „роднините на 57-те жртви на тоа ужасно злосторство активно бараат да ја откријат вистината меѓу бескрајните лаги што ги кажуваат“.
Грција долго време се соочува со огромни проблеми во својот железнички сектор, а постојаните прекршувања на безбедноста и недоволното инвестирање придонесуваат за повторени слични или идентични инциденти.
– Трагичниот инцидент во Темпи е најпогубниот резултат на овие долгогодишни проблеми – пишува и обвинува Каристијану.
Во Грција се собрани повеќе од 1,5 милион потписи во барањето да се бара правда за несреќата. Таа вели дека неуспехот да се заврши истрагата за овој критичен инфраструктурен инцидент е клучен за влошување на безбедноста на железницата.
„Забележете, минатата недела“, пишува таа, „едно дрво влезе во кабината на воз со стотици патници, а два воза застанаа во последен момент откако сфатија дека се движат во спротивни насоки по една линија“, подвлече во својот допис Каристијану. Таа истакна дека истрагата на Ковеси ги истакнува „длабоковкоренетите прашања“ во транспортната инфраструктура на Грција што ги ставаат животите на луѓето во опасност.
Каристијану наведува и други пропусти со назначување човечки ресурси на раководни функции
Каристијану информира и дека владејачката партија Нова демократија (ЕПП) исто така ја избра европратеничката Елиза Воземберг, претседателка на Комитетот за транспорт на Парламентот на ЕУ (ТРАН), што сугерира дополнително да се испита поради конфликт на интереси. Според Каристијану, и тоа има индикатори дека ќе предизвика загриженост за „потенцијален конфликт на интереси и за тоа дали може да се одржат потребната објективност и независност“. Имено, и „Еурактив“ пишува за тоа, при што вели дека медиумот официјално се интересирал за тоа, при што бил информиран дека „Јурискиот комитет на Парламентот на ЕУ, кој моментално ги испитува потенцијалните конфликти на интереси на кандидатите за комесари, не може да даде мислење за двојна застапеност бидејќи се фокусира на финансискиот аспект на потенцијалниот конфликт на интереси“(?!). Сепак, „Еурактив“ вели дека „извори од левата група на ЕУ им изјавиле дека процедурално ќе го отворат ова прашање во соодветниот дом на ЕУ“. Р.С.
Грчките власти ја попречиле истрагата на главната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеси
Ова прашање го привлече вниманието и на Брисел. Главната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеси, почнала истрага за т.н. Договор 717, финансиран од ЕУ, потпишан во 2014 година за реконструкција и надградба на сигналниот систем и далечинското управување на грчките возови. Експертите сугерираат дека несреќата можела да се избегне доколку овие системи биле поставени. Ковеси исто така јавно откри дека грчките власти ја попречиле нејзината истрага
Потсетување на факти поврзани со железничката несреќа што е основа на отвореното писмо на Каристијану до ЕК и до ЕП
Грчките власти ја попречиле истрагата на главната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеси
Во 2023 година, 57 луѓе – главно млади – загинаа во железничка несреќа во Темпи (средна Грција). Оттогаш ова прашање е во центарот на вниманието во Грција. Судскиот случај за утврдување на одговорните за несреќата се одвива бавно. Роднините на жртвите, како и опозициските партии, тврдат дека „власта се обидува да го прикрие случајот“. Во меѓувреме грчката влада инсистира на ставот дека „нема политички одговорности“, при што вели дека „задача на правосудниот систем е да го истражи случајот“, што е во основа точно, но го премолчува фактот на влијанието и моќта на егзекутивната власт над правосудната.
Ова прашање го привлече вниманието и на Брисел. Главната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеси, почнала истрага за т.н. Договор 717, финансиран од ЕУ, потпишан во 2014 година, за реконструкција и надградба на сигналниот систем и далечинското управување на грчките возови. Експертите сугерираат дека несреќата можела да се избегне доколку овие системи биле поставени. Ковеси исто така јавно откри дека грчките власти ја попречиле нејзината истрага. „Еурактив“ анализира дека кандидатот за еврокомесар за транспорт и инфраструктура во ЕК на Фон дер Лајен, господинот Цицикостас (актуелен гувернер на грчкиот преименуван регион со името Централна Македонија), ќе има тешко сослушување во домот на ЕУ поради железничката несреќа. Р.С.