Нашите срца и мисли се со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс во врска со поплавите во БиХ.
– Го активиравме нашиот Механизам за цивилна заштита на ЕУ и испраќаме спасувачки тимови на терен. Ова е солидарноста на ЕУ на дело – додаде Фон дер Лајен во објавата.
Претходно и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сореца, исто така на Икс, објави дека БиХ го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и спасувачки тимови ќе пристигнат на терен во поплавените подрачја.
– ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на Механизмот од септември 2022 година. Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело – наведе Сореца во објавата.