Во 2024 година, 17,4 проценти од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1 проценти регистрирани во 2023 година, објави Евростат.
Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4 проценти) и Словачка (28,7 проценти). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3 проценти) и Луксембург (8,5 проценти).
Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6 проценти. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3 проценти, а кај постарите од 65 години е 14,9 проценти.
Последните податоци на Евростат за земјите од Балканот кои се кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година. За сиромашни во Албанија се сметале 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50 во Македонија 48,4 и во Србија 41,8 проценти.







































