При денешната експлозија во словенечката хемиска фабрика „Меламин“ повредени се најмалку 20 луѓе, а двајца се водат како исчезнати.
Властите апелираат жителите на Кочевје да не излегуваат надвор.
Сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата во фабриката. Пожарот е изгаснат, а фабриката е прилично оштетена.