Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „се уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“.
Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не се добредојдени во Косово и Метохија и тивко да се спроведе уште еден егзодус“ – пренесува Бета.
– Граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, но дека никогаш нема да дозволиме нова „Бура“ – рече Вучевиќ.
Тој изјави дека Србија „ќе остане цврста и истрајна“ во барањето за враќање на дел од полицајците и војниците во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.