Фото:Принтскрин

Милорад Додик, на кого законски му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска (РС), рече дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане претседател на тој ентитет на БиХ.

– Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Вие бевте арогантни, а очекувате од мене да бидам покорен. Нема да бидам. Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам заменет од странска влада – објави Додик на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека оние што ја донеле таа одлука „не го почитувале Уставот на Босна и Херцеговина, Уставот на РС и законот“.