Фото: „Нова Македонија“

Повторно Брисел со протекционизам кон Софија. Иако европската јавност и особено Европската комисија се уверија во низата политички и законски неуспеси на Бугарија, раст на корупцијата и перење пари, загрижувачка инфлацијата и осиромашување, тежок политичкиот застој (Бугарија имаше седум избори во последните четири години), Софија повторно, од некоја неразбирлива причина, добива шанса. Така, денеска, на 4 јуни, Бугарија очекува позитивна оцена од Европската комисија и од Европската централна банка за тоа дали е подготвена да го воведе еврото почнувајќи од следната година

Бугарија

Бугарските власти очекуваат оваа недела да добијат зелено светло од Европската комисија (ЕК) и од Европската централна банка (ЕЦБ) за воведување на еврото, со почеток од 1 јануари 2026 година. Иако европската јавност и особено Европската комисија се уверија во низата политички и законски неуспеси на Бугарија, раст на корупцијата и перење пари, загрижувачка инфлацијата и осиромашување, тежок политичкиот застој (Бугарија имаше седум избори во последните четири години), Софија повторно, од некоја неразбирлива причина, добива шанса. Сепак, денеска, 4 јуни, Бугарија очекува позитивна оцена од Европската комисија и од Европската централна банка за тоа дали е подготвена да го воведе еврото почнувајќи од следната година.

Втора голема преференција од Брисел за Бугарија

Одлуката во корист на усвојувањето на еврото како валута во Бугарија, според аналитичарите, ќе биде „вториот голем чекор на Бугарија за само една година на нејзиниот пат кон целосна интеграција во Европската Унија“.
Имено, во јануари Софија стана полноправна членка на Шенгенскиот договор, а границите на Бугарија со соседните Грција и Романија сега се целосно отворени.
За потсетување, Бугарија влезе во ЕУ во 2007 година и, со потпишувањето на Договорот за пристапување, се обврза да го воведе еврото. Оваа цел е поддржана од сите влади во Софија оттогаш. Финансиската криза во Грција во 2010 година го одложи овој проект еднаш. Потоа, голема бугарска банка банкротираше во 2014 година, а локалните институции сè уште не ги истражија целосно причините за тоа. Дури во 2020 година Бугарија стана членка на Европскиот механизам за девизен курс, ЕРМ II, или т.н. чекалница за еврото.
Додавајќи уште повеќе пречки на патот кон еврото, Бугарија беше заглавена во период на политички турбуленции, одржувајќи седум парламентарни избори од 2021 година, а потоа следуваа голем број краткотрајни влади.
Поддршката за еврото опаѓа и сега, според релевантни теренски масивни истражувања, „повеќе Бугари се против неговото воведување отколку оние што ја поддржуваат единствената европска валута“.
Неодамнешната анкета на Евробарометар покажа дека 50 проценти од Бугарите се против усвојувањето на еврото, додека 43 проценти се за еврото. Објаснувањето може да се најде во истата анкета – најголемиот проблем за Бугарите во последните години е зголемувањето на трошоците за живот. Бугарија ќе стане 21. земја во еврозоната од 1 јануари. Сите цени и плати потоа ќе бидат деноминирани во евра. Р.С.