Фото: ЕПА

Србија

На конференцијата „Обновливи извори на енергија (ОИЕ) Србија 2024“, генералниот директор на Електростопанството на Србија (ЕПС), Душан Живковиќ, рече дека во следните неколку години, преку стратегиско партнерство, Електростопанство на Србија во своето портфолио ќе има еден гигават самобалансирани соларни електроцентрали, со 200 најавени мегавати батериски систем за складирање електрична енергија.
Србија, со сите постојни проекти, 2030 година ја гледа како година во која ЕПС во значителна мера ќе се декарбонизира, ќе го зголеми учеството на ОИЕ и ќе ги достигне поставените цели. Имено, освен изградбата на првата фарма на ветер „Костолац“ и соларната централа „Петка“, одредени се и нови локации, кои се главно депонии за пепел од домашни термоцентрали.
Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека се очекува Србија до 2026 година да има повеќе од 1.500 зелени мегавати, што е 33 пати повеќе од 2012 година и два и пол пати повеќе од пред две години. Министерката рече дека во август на мрежата имало околу 390 електроцентрали од ОИЕ со вкупна моќност од 753 мегавати, а во тек е изградбата на уште 750 мегавати нови електроцентрали со користење на овие извори, соопштија од нејзиниот кабинет. Р.С.